Уставен суд нема да ги врати пратениците во парламентот, распуштањето на собранието е уставно

Пропадна обидот да се свика собранието кое е веќе распуштено.Пратениците ќе седнат во собраниските клупи само по избори. Уставните судии едногласно ја отфрлија иницијативата на колегата Кадриу за предмет по службена должност. Дури и самиот Кадриу гласал да се отфрли неговиот предлог. Судиите со став дека се работи за веќе пресудена работа бидејќи на 8 и 15 април по друга иницијатива одлучиле дека распуштањето на собранието е уставно.

По ова станува јасно дека новиот изборен датум ќе го бараат партиските лидери надвор од законодавниот дом. За 12 е закажана лидерска средба кај претседателот Пендаровски на која ќе се разговара и за тоа кога ќе се оди на гласање.

Претходно на седница уставните судии одлучија дека првата одлука на Пендаровски за вонредна состојба е истечена и затоа не треба да се оценува уставноста на овој потег. Но деновиве пред  нив ќе се најде и предмет за тоа дали Пендаровски со втората вонредна состојба го прекршил уставот. Шефот на државата рече дека свесно ја презема одговорноста во услови на распуштено собрание. За такво нешто судиите имаат можност уште десет дена пред и новата одлука на претседателот да биде неважечка. Таа истекува на 16 мај.

“Одлуката е донесена на средината на март и истекла на средината на април. Одлуката нема правна сила”, реле судијата Владимир Стојановски.

Повеќето судии го делат мислењето на Стојановски дека Пендаровски ја прогласил вонредната состојба според надлежностите. За разлика од нив судијата Јосифовски смета дека во одлуката на претседателот непотребно е наведено дека владата носи уредби со законска сила. Делот кој всушност е оспорен од подносителот.

“Подносителот не ја оспорува целата одлука. Токму точката 4 не е во согласност со уставот. На претседателот не му се даваат надлежности да препишува одредби од Уставот” рече судијата Јован Јосифовски.

Осман Кадтриу истакна дека актуелната ситуација уште еднаш покажа дека на Македонија итно и треба закон за вонредна состојба. Поради недоследностите што се случува кога завршуваат предвидените 30 дена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста