Успешен старт на „Prilep beer weekend 2024“, во градот „врие“ како во кошница –

Вистинска ерупција од позитивна енергија и забава, масовна посетеност, преполни штандови со гости. Синоќешната прва вечер од годинашното издание на Фестивалот на пивото и скарата во градот под Марковите Кули како да ги „скрши“ сомневањата дури и на најголемите скептци дека ваквите случувања на Прилеп и прилепчани и тоа како им се потребни, особено во овој период од летото кога голем број иселиници се наоѓаат на одмор во татковината.

  – „Пивофест е супер. Идиме од Америка, секоја година кога ќе сме тука, присуствуваме. Многу е добра атмосферата. Живата музика, скарата, пивото, се’ e супер“.

– „Од Италија сме.Татко ми е од Македонија, ние доаѓаме, ама на дечкото му е првпат. Убаво е многу е убаво“.

– „Јас сум Италијанец, добро е, добро“.

  – „Јас сум од Италија, ама идам секое лето во Македонија и ова ми е прво лето на Пивофестот, којзнае од кога. И убаво е…

   – „Очекувам гости да ми пристигнат од Скопје и да ги пречекаме во амбиентот на Пивофестот“.

– „Супер е, супер. Првпат ни е тука и многу е убаво. Од Америка сме дојдени за првпат, многу е убаво, фала ви, чао“.

–  „Прва лига е. Доаѓаме од Франкфурт, Германија. Фестивалот е копија на германскиот Пивофест, донекаде блиску е, но не може да се спореди македонскиот народ со германскиот, зашто македонскиот народ е преубав, а и македонското пиво.“

-„Македонија е најдобра“.

  Целта ги оправдува средствата и затоа ние како ЛС направивме се’ што е во нашите ингеренции за оваа дведецениска традиција да продолжи, вели градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, и додава дека овој Фестивал повеќе од 20 години претставува сериозен културен, туристички, но и економски бенефит за општината.

Се разбира, економскиот бенефит на Прилеп многу ќе ни значи, бидејќи освен ноќната програма, гостите во текот на денот можат да го разгледаат Прилеп со сите негови убавини, од музеи, од природни богатства, како и Чаршијата“ – истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Prilep beer weekend“ продолжува вечерва, со втората фестивалска вечер, а завршува утревечер, кога се очекува и кулминацијата на годинашната фешта на пивото, скарата и одличната забава.

 Каролина Дурло   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста