Услов за „добрососедство“ и ЕУ, бришење на Македонците низ времето!?

Ако Бугарија бара да се откажеме од се и во Унијата да влеземе обезличени, тоа не може да биде пријателство, тие ни го условуваат пријателството, односно од експертските комисии за историја бараат да се однесуваат како рaзговор на Бугари со Бугари, коментира професорот по историја Тодор Чепреганов за Алфа. Договорот за доборососедство на Македонија со Бугарија е чиста политика, а историјата е во втор план, за да и послужи на политиката, смета историчарот.

– Самото формирање на Комисиите е несериозна работа, Комисиите се створени за да не дојде до решение само за да се одолговлекуваат работите, затоа што не можете два народи кои имаат своја меморија за одредени историски настани да ги вклопите во заедничка историја. Ние размислуваме различно со Бугарите, вели Чепреганов.

За ставот на професорот Денко Малески дека македонските истроичари ја фалсификувале историјата во време на Титова Југославија, однсоно дека Гоце Делчев, Мисирков, биле Бугари, Чепреганов вели:

-Со еден клик не може да правите историја, треба да имате повеќе кликови во години, да кликате за да дојдете до она што го сакате – вели Чепреганов.

Дека Гоце Делчев не треба да биде предмет на преговори смета и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

-Ние државата ја темелиме на тоа име, тоа не е за разговори, тоа не е предмет на преговори. Гоце Делчев е државата Македонија – вели Мицкоски.

Бугарија бара Македонија да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, да заборави на „македoнски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, а сето тоа ќе мора брзо да го заврши експертската комисија за историски прашања, во спротивно Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите со ЕУ.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста