Уште од првиот ден пописот го следат контроверзии

Со користење VPN секој може да се попише – програмери откриваат огромна слабост во системот за електронско попишување. Посочуваат дека секое лице кое бесплатно ќе инсталира VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство.

Во постот програмерката која прва предупреди за пропустот на апликација кој таа го споделува на социјалните мрежи односно во групата  „Сојузен комитет на програмери на Република Македонија“ пишува дека во прашалникот кој го пополнила не се барало број на стан, куќа туку само улица на живеење.

Девојката отвара дилема, дали сега таа повторно ќе биде попишана  од страна на државните попишувачи.

Зошто не постои подобра заштита која мене од Македонија би ми оневозможило да се само-попишам? 2. Дали сега, кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса, ќе бидат исклучена од физичкиот пописот, да ме прескокнат т.е. како да не се бројам 2 пати еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе не попишуваа, пишува во постот.

Од државниот завод за статистика се правдаат, немало пропуст, продатоците отпосле ќе се проверувале, а системот бил заштитен.

„Во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци. Секој податок за кој ќе се утврди дека е лажен, нема да биде земен предвид при обработката и воедно тоа ќе претставува кршење на правилата на Пописот и е казниво со Закон“, се наведува во соопштението од Статистика.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека не треба директорот на заводот да се заканува на граѓани, туку да понесе одговорност за пропустот во системот.

Лидерот на опозицијата, Мицкоски реагира дека уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случил крах на апликацијата. Тој очекува дека пописот или ќе биде одложен или ќе биде уште еден неуспешен обид на Владата.

Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин кој живее во Македонија, а тоа докажува дека Владата и Заев како и за сѐ друго не се способни да спроведат било каков процес.

Не би ме зачудило ако на крај се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но сигурно, пред очи имаме уште еден циркус , вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Спроед последните информации до 8 часот утрово електронски се попишале над 10 000 граѓани во странство, во меѓувреме продолжува акцијата на опозицијата за собирање на граѓански потписи со цел укинување на законот за попис – потпишани се над 100 000 луѓе.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста