Уште нема ни „С“ од состанок на работната група за датумот за избори, зошто власта тактизира?

Уште нема ни „С“ од состанок на работната група за датумот за избори, зошто власта тактизира?

„Власта тактизира и се уште не иницирала формирање на работни групи во кои ќе се утврди датумот за двата изборни циклуси“ – првиот човек на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ алармира што поскоро, парламентарните партии да седнат и да договорат, кога ќе бидат претседателските,  а кога парламентарните избори – и дали ќе бидат споени или одвоени во вториот круг. Ако пратениците не се договорат, собранискиот спикер и самиот порача ќе мора да распише избори до Нова година.

Ние за работни групи за датум на избори, слушаме од медиуми. Иако имаше некој обид да се поразговара, од страна на премиерот, гледаме дека топката се префрла во МП, па во Собрание, она што јас го имам како информација, бидејќи не учествувам на  редовните координации, од она што го слушам , не е разговарано за работни групи  и датум за изброи. Го слушнавме она што го кажа Џафери, дека мора до нова година ако не одлучиме датум, тој да распише избори. Ние не знаеме зошто уште се тактизира. Ние го кажавме својот став за споени избори, но ако сакаат поинаку, може и тоа, само да се знаат датумите, да може да се почнат активностите околу планирањето – вели Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај понуденото решение, да се спојат вториот круг на претседателските, со парламентарните избори, заради практичност и заштеда на народни пари, од СДСМ го повторија истото што и пред две недели, без прецизен одговор.

Нашиот став околу датумот за изборите е принципиелен и уште од самиот почеток кажавме дека прво ќе се случат претседателските избори, а после во утврдениот законски рок ќе бидат редовните парламентарни избори. Очекувам, на координација, со сите координатори на политичките партии во Собранието да се отвори ова прашање, и секако, ние како партија сме спремни, да номинираме член во таква работна група, за утврдување на точниот датум, за одржување на претседателските избори и парламентарните редовни избори, согласно законите – вели пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Ако СДСМ не се согласи и не се спојат вториот круг претседателски со парламентарните, од парите на граѓаните ќе се потрошат  дополнително уште најмалку шест милиони евра, колку што чини еден изборен циклус. ВМРО-ДПМНЕ пред извесно време предложи споени избори, бидејќи Законот дозволува со термините за претседателски и парламентарни да се маневрира 60 односно 90 дена. Така ќе се гарантира и поголема излезност, бидејќи ако треба граѓаните два пати да гласаат во краток период, излезноста може да биде доведена во прашање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста