Уште не почнат, култниот фестивал „Охридско лето“ го пратат скандали

Уште не почнато, јубилејното 60-то издание на најпрестижната музичко сценска манифестрација кај нас „Охридско лето”, го пратат скандали. На музичката селекторка Даница Стојанова не и беа по мерак новинарските прашања поврани со настапот на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ – вест која предзивика бурни реакции во јавноста и го помати сјајот на фестивалот.

-Срамота, ова е фестивал Охридско лето, а не Гранд фестивал.

„Во овој момент кога Охридско лето како фестивал на вас охриѓани а и на цела земја е единствен бисер кој што нешто прави за културата, а едиствено нешто со кое можеме да се пофалиме пред светот е културата, а не типот на прашањата кој што рекол и како што кажал.Ве насочувам само кон нешто што е културно, оти ова е Охридско лето не е ова фестивал Грант“, вели Даница Стојанова-музички селектор.

Бидете внимателни со зборовите, се наоѓаме во непријатна ситуација -рече Стојанова, тврдејќи дека концеротот на Јоксимовиќ не бил планиран, нити ставен во програмата. Но, директорката на Охридско, Наташа Поповиќ сепак кажа дека Јоксимовиќ требало да настапува со синфонискиот оркестар од Белград. Таа кажа и дека се впроведувала внатрешна истрага за тоа, од каде протече програмата во јавност.

„Надлежните институции работат на случајот, конкретно како излезе работната верзија од неколку настани во јавноста и во етерот и предизвика бурни реакции но не би сакала за тоа да говорам, во Септември можеме пак да имаме прес па со точно име ќе ви кажам како тоа и кој тоа го направи за да наштети не само на фестивалот, туку на цела култура во нашата земја“, рече Наташа Поповиќ-Директор на Охридско лето.

Иначе 60-тото јубилејно издание ќе започне на 4-ти а ќе трае до 30-ти август. Програма ќе се реализира на отворените сцени со строго почитување на протоколите, поради кои не било можно фестивалот да започне на 12-ти јули. Својот настап го откажале 5 односно 6 изведувачи, останатите го потрдиле своето присуство. Од фестивалот велат дека во целост ќе ја реализираат овогодинешната програма.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста