Уште едно изгорено возило во Штип

Изгоре уште едно возило во Штип. Пожарот е подметнат утринава околу 5.40, само десетина минути откако сопственикот го паркирал на паркинг просторот пред зградата на улица „Сремски фронт“, каде што живее.  Автомобилот е во сопсвеност на Веби Чавахир, кој заедо со својот брат пред девет месеци од делчевско се доселиле во Штип. Тие се сопственици на фризерски салон и бутик.  Благодарение на итната интервенција на штипските пожарникари била спречена поголема катастрофа.  За себе велат дека се мирни луѓе, не должат никому и засега нема кон кого да посочат.

Мерцедесот е запален на ист начин и во речиси исто време како и возилата на Тушеви, семејство блиски до власта. И по шест дена од овоj инцидент полицијата се уште нема одговор на прашањето кој го подметна пожарот и пеплоса три коли, а опожари уште две.

Од почетокот на годината до сега во Штип се опожарени 20 возила.

Александра Ристевска