Уште едно дете во детска градинка позитивно на Ковид-19

Во струмичката градинка има дете позитивно на КОВИД – 19. Резултатите пристигнале денеска, а детето не било носено на градинка од понеделникот.

Во моментов течат консултациите со епидемиолошката служба за постапувањето во градинката но и тоа колкумина вклучително и деца ќе бидат ставени во изолација.

Засега не се открива за кој клон на детската градинка „Детска радост“ станува збор. Неофицијално, детето го добило вирусот од член на семејството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста