Уште една скандалозна кампања: Со украдени фотографии од Иран и Полска од интернет се промовира пописот

Метин има 73 години, живее во место без итна медицинска помош.  Ова е една од фото рекламите со која НВО Инфорцентар и Фондацијата отворено општество, ги повикуваат граѓаните да се попишат.

Она што е интересно е што не е потенцирано каде Метин живее, а и реално не би ни можело, бидејќи не е од Македонија, туку од Иран. Станува збор за постар човек фотографиран од фотографот Бахрам Бајат, а може бесплатно да се најде на сајтот ансплеш.ком.

Него можеме да го најдеме и како фотографија за вести на многу сајтови низ светот, но и од Македонија, со оглед на тоа што за нејзиното користење не е потребно да се плати.

Метин не единствениот кој не е од Македонија, а се користи во кампањата за пописот. Тука е и една девојка која е фотографирана за некаква реклама во Полска, но во Македонија го доби името Катерина.

„Катерина има 35 години. Живее и работи во Скопје. Според лична карта живее во Гостивар. Чија жителка е Катерина? Точниот одговор- е на Скопје.“

Кампањата со украдени фотографии, предизвика бура реакции во јавноста.

-Само што Метин го има на вести за хороскоп, на вести за мудрост, вести од Шпанија, Турција… ама Метин во Македонија не постои. А бе токмаци едни една слика од Македонија немате

-Метин покрај што го има на вест за крематориум го има и на вест за трансплатација на рожница во Њујорк.

-Пријавете ја Катерина во МВР, не си ја сменила личната карта.

-Девојкава на сликава сигурно живее негде низ САД и нема појма што е Македонија и попис, а уште помалку што се Скопје и Гостивар.

Инаку, ова не е прв пат во Македонија промотивни кампањи да има со странски фотографии. Лани промовирајќи ги убавините на Македонија, Министерството за економија објави фотографија од местото Конигсе во Германија. Во кампањата „Дома си е дома“ беше искористена и фотографија од езерото Анисе во Франција. Поранешниот градоначалник на Штип, а сегашен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, пак искористи фотографија од САД за промовира базен кој ќе се градел во неговиот град.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста