Уште една позитивна препорака, но датумот неизвесен

Уште една во низата на позитивни препорака односно оценки на европската комисија за добивање датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Македонија со години добива позитивни препораки, но никако датум. Сепак и покрај добрата оценка на ЕК , главниот збор ќе го имаат лидерите на земјите членки на Унијата.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска истакна дека во извештајот јасно се констатирала реформската определба на државата особено преку резултатите во областите кои Европскиот совет ги имал потврдено како приоритети како што се судството, јавната администрација, безбедносните служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

  • Со тоа се исполнува и вториот предуслов, ако првиот предуслов беше надминување на дилемите кои што ги имаат земјите членки по однос на самиот процес на проширување, на начинот како се одвиваат преговорите, методологијата којашто беше усвоено односно предложена од страна на Европската Комисија според сите информации кои ги  имаме на широко се прифаќа од страна на земјите – членки. Ова е вториот услов кога се исклучуваат било какви дилеми кон нашата држава како кандидат за започнување на преговори.

Дали Македонија ќе биде во пакет со Албанија, Османи не одговори прецизно, истакна дека лично се надевал дека одлуките за почеток на преговорите ќе биле и за двете држави.

  • Во однос на Албанија и нашата држава, мислам дека хрватското претседателство сериозно се занимава со ова прашање, мислам дека е општ впечатокот дека нема да се оди на самиот самит во март без да се разреши ова прашање и ова дилема како ќе се однесува Европската Унија кон двете држави, дали како пакет или поединечно..

 

  • По усвојувањето на ревидираната методологија во февруари, денеска ги презентираме нашите ажурирани извешати за Албанија и Северна Македонија. Тие покажуваат дека земјите ја засилиле својата работа и испорачале дополнителни опипливи и одржливи резултати во клучните области утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година, вели Вархеји и нагласува според ЕК исполнети се критериумите за старт на пристапните преговори.

Османи е уверен дека датум ќе добиеме во март годинава. За ова прашање се огласи и еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји по објавувањето на извештаите за двете земји.

Извештаите објавени денеска го поздравуваат напредокот во двете земји. За Македонија, ЕК смета дека земјата презела значајни чекори за зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, и остварила напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста