Уште еден запален автомобил во Скопје

На 16.08.2020 околу 02.30 часот на ул.„Иван Манолев“ во Скопје, додека вршеле мотопатролна дејност, полициски службеници забележале дека настанал пожар во  патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост Е.Д. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста