Уште еден американски воен брод вплови во води близу Блискиот исток

Морнарицата на САД објави дека уште еден нивни воен брод пристигнал во води на Блискиот Исток.

Во соопштението на морнарицата се наведува дека американскиот воен брод УСС Боксер, заедно со два амфибиски брода за транспорт и истоварување УСС Џон Мурта и УСС Карперс Фер од Индискиот Океан, пристигнале во зоната на одговорност на Петтата флота.

Морнарицата не прецизира точно каде се бродовите.

Петтата флота на САД, што се наоѓа во Бахреин, е задолжена за следење на присуството на морнарицата во Персискиот залив и во околните води на Блискиот Исток.

САД веќе се во регионот со американскиот носач на авиони Абрахам Линколн и придружни бродови испратени во мај, како резултат на зголемувањето на тензиите со Иран.