Уште две медицински лица од штипската болница се заразија со Коронавирус

Уште две медицински лица од штипската болница позитивни на Коронавирус. Со ова бројот на заболени здавствени работници достигна шест. Меѓу заболените има сестра од операциона сала, анестезиолог, но најголем дел од нив се од Инфективното одделение. Застој во работата нема да има, објаснува првиот човек на штипската болница.

Во меѓувреме, уште две сестри и толку болничари од Ортопедија се во самоизолација. Еден од нив е по контакт со пациент кој во штипската болница бил донесен поради проблеми со колкот, а неколку дена подоцна му е дијагностициран КОВИД-19.

Сличен случај е регистриран и во кочанската Општа болница. Пред неколку дена на интерно одделение бил хоспитализиран пациент кој претходно се лекувал на Клиниките во Скопје.

Сношти му е дијагностициран вирусот, информираат од болницата. Епидемиолозите работат на тоа колку од медицинскиот персонал ќе биде тестиран или ставен во самоизолација. Вирусот го покоси медицинскиот кадар. Наголем број на заболени дури 44 има во Општата болница во Куманово.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста