Уште двајца починати прилепчани од Корона вирусот

Уште двајца починати во изминатото деноноќие е црниот биланс во Прилеп, како еден од градовите со најмногу заразени од Коронавирусот, со што вкупниот број на починати лица се искачи на шест. Според МЗ, последните двајца пациенти, на 58 и 63-годишна возраст, биле хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, првиот на 19-ти април, а додека вториот на 9-ти април и, и двајцата биле приклучени на механичка вентилација.

Но, и покрај ваквата состојба, во пресрет на Првомајските празници, поголемиот дел од прилепчани, а особено помладите, беа против можноста да има целосен празничен карантин.

Некои од нив, воопшто и не веруваат дека опасноста од заразата била толку голема, а додека пак други, сметаат дека олабавувањето на мерките, индиректно значело и намалена опасност од понатамошното ширење на заразата.

Инаку, на денешната седница, Владата одлучи на 1, 2 и 3 мај да нема целосен карантин, односно на граѓаните да им биде дозволено движењето од 5 часот наутро до 14 часот попладне.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста