Уште четири нови случаи на Ковид-19 во штипската фабрика за конфекција

Расте бројот на текстилни работички заболени од Ковид-19. Денес се регистрирани уше четири нови случаи, со што бројот на инфицирани се искачи на 10. Сите се од истата конфекција. Поради ширењето на заразата сопствникот самоиницијативно фабриката ја стави  под клуч. Во мегувреме на инфективно во штипската болница се хоспитализирани деветмина пациенти. Сите се од Штип и се со лесна клиничка слика..

Од Центарот за јавно здравје информират дека денес се земени брисеви од шест работнички, а со решение за самизолација се шеесетина работнички. Во текот на денот овој број може да порасне. Случајот со конфекцијата,од вчера дополнително го вклучи алармот кај надлежните и стопанствениците. На работничките им е забрането да се групираат за време на паузата,работните површини постојано се дезинфецираат, а ригорозно се почитува правилото работа со маска.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста