Урсула Фон Дер Лаен: Политичарите го потценија степенот на опасност од корона вирусот

Претседателката на Европската комисија изјави дека политичарите го потцениле степенот на опасноста од епидемијата на новиот коронавирус. „Европа во овој момент е епицентар на кризата“ изјави Урсула фон Дер Лаен за германскиот Билд.

Француските здравствени власти ја ограничија продажбата на лековите базирани на працетамол, заради тоа што граѓаните во страв од заразата панично купуваат. Од денес Франција е целосно блокирана, а слични мерки веќе имаат Италија, Шпанија, Белгија и уште неколку земји од ЕУ.

Лидерите на ЕУ донесоа одлука на видеосамит да ги затворат надворешните граници на Унијата 30 дена. Но, според францускиот премиер, проблемот е што велика Британија и натаму не презема вистински мерки. Инаку деветмесечно дете е второ заразеното бебе од корона вирус во Велика Британија, пишува Дејли Мејл,  додавајќи дека минатата недела вирусот беше дијагностициран на новороденче од Лондон кое беше прогласено за најмладиот пациент од корона во светот. Во Велика Британија во моментот заразени се околу 2000 лица, а 67 луѓе починале. Но, Борис Џонсон сè уште не прогласи мерки слични на оние во остатокот на Европа и само предложи граѓаните да избегнуваат непотребен контакт со други луѓе и да избегнуваат метеж.

Италија ќе им ги укине последните испити на околу 10.000 студенти по медицина за тие да можат да се вклучат во здравствениот систем и да помогнат во справување со кризната состојба. Бројката на смртни случаи таму продолжува да расте и надминува над 2,5 илјади, а бројот на заболени е над 31 илјада луѓе.

Во меѓувреме и во светот се води битка за профитерите околу маските. Чешките власти заплениле околу 700.000 од фирма која почнала за нив да бара повисока цена.

На швајцарскиот здравствен систем пак му се заканува колапс до крајот на месецот ако коронавирусот продолжи да се шири со сегашната стапка, предупредува претставникот на швајцарската влада, Даниел Кох.

Унгарскиот премиер смета дека странци се виновни за ширење на коронавирусот во земјата. Зошто Унгарија ги затвора универзитетите, но не и училиштата, Орбан рече дека причината е присуството на „многу странци“ на универзитетите.

Во Бугарија туристичкиот центар Банско е под карантин и блокада, оти тројца од над 80-те заразени се токму од таму. Откако вчеравечер во Србија беше прогласена вонредна состојба, војската ги обезбедува болниците, автобуските станици, границите и аеродромите.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста