Урнат споменик на НОБ во струшко за да се направи кружен тек

Срамен чин на струшката локална власт но и на општинскиот одбор на Сојузот на борци од Струга,кои пред без малку 3 години аминуваа рушење на споменик на НОБ во месноста викана Мороишки мост,со цел на локацијата каде што беше спомен чешмата,да се направи кружен тек. За да се реализира сообраќајното решение,целосно уништени и искршени,бетонските блокови од споменикот експресно беа префрлени од другата страна на патот кој води кон Дебар. Годините минуваа, а ветувањата на струшката локална власт дека споменикот ќе го направат уште поубав и подостоинствен, паднаа во вода.

Обраснат во трева и исфрлано ѓубре наоколку,спомениокот од НОБ кој само го составиле, сега е поставен крај самиот пат а врз него е паднат патоказ кој никој не се сетил ниту да го подигне. Наспроти ваквата очајна слика, шокантна е изјавата на Претседателот на општинскиот одбор на Сојузот на борци од Струга.

Споменикот веќе е поставен и направен подобро од како што беше,се очекува сега и чешмата да се дотера таму да течи вода.Договорени сме со локалнава да се комплетира а многу сме задоволни да знаете. Вие Мемеди од кога не сте биле таму,знаете дека споменикот е послан со ѓубре ? Да, да меѓутоа види ѓубре се фрла од сегдека,ние секој ден врвиме од тука.Меѓутоа има и други споменици кои не се ни видени,скршени се и така – вели Ајро Мемеди – Сојуз на борци.

-Некој брутално се пошегувал со емоциите на граѓаните, преместување имаше но на целосно вандализиран споменик-реагираат од ВМРО ДПМНЕ

“Бетонските фрагменти на поранешниот монумент се крајно несмасно и без никаква естетика забетонирани во нешто што треба да преставува постамент. Ги прашуваме сите надлежни институции како е можно без ниту едно одобрение или дозвола да се превземаат вакви активности и при тоа никој да не сноси одговорност.Ги повикувам да ја утрдат фактичката состојба,да ги отстранат недостатоците,а одговорните да понесат одговорност’’-стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Без ни малку достоинство и струшките советници од различни политички партии своевремено тврдеа дека Советот долен одлука на постојната локација да се гради кружен тек, но никој не знаел дека таму се наоѓа споменик на НОБ.Мнозинството во Совет ја изгласало одлуката 15 дена откако спомен обележјето беше тргнато.

Споменикот на НОБ во евиденцијата на Сојузот на борци бил заведен на 10.08.1995 година,18 години по неговото подигање. На него пишува:”И мртви стражарите пред прагот домен,слободата го чува вашиот завет и вашиот спомен” 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста