Управниот суд закажа неколку јавни расправи по тужбите поднесени од страна на политичките партии

Управниот суд за денеска закажа повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и една тужба поднесена од Интегра.

Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка.

Јавните расправи за денес 22.07. се закажани со следниот распоред:

-во 09:00 часот во судница бр.5, ќе одржи јавна расправа по поднесените тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива

– во 10:00 часот во судница бр.3, ќе одржи јавна усна расправа по поднесената тужба од тужител Алијанса за Албанците и Алтернатива

– во 11:00 часот во судница бр.1, ќе одржи јавна расправа по поднесените тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива по предметите

-во 12.00 часот во Судница бр.II, ќе одржи јавна расправа по поднесени тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива по предметите

-во 13:00 часот во судница бр.4, ќе одржи јавна расправа по поднесената тужба од Интегра Македонска Конзервативна Партија по предмет

По решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори тужби до Управниот суд најавија и Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК и истекува денеска попладне.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста