Управниот суд ги разгледува поднесените тужби од Алијанса и Алтернатива и од Интегра

40 од вкупно 75 тужби поднесени од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива попладнево биле одбиени од судечкиот совет во Управниот суд, а по останатите се уште се постапува, велат за Алфа извори во судот. Подносителот бил веднаш известен за одлуките. Во Управниот суд се одржаа пет одделни седници на кои се постапуваше по тужбите на Алијанса/Алтернатива и една тужба поднесена од партијата Интегра. На јавните седници беа поканети само претставници на политичките партии. Во меѓувреме политичката партија Левица во Управниот суд поднесе 101 тужба за заштита на избирачкото прво на подносителите на листите. Една тужба попладнево пристигнала и од партијата Социјалдемократска унија. По тужбите на Левица ќе се расправа утре.

Претседателот на управниот суд Бурим Сејдини, претходно најави дека со ждрепка биле формирани судечкитесовети кои постапуваат по тужбите. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста