Управен суд пресече: Ќе се прегласува на седум избирачки места, ДУИ може да загуби двајца пратеници

Управен суд пресече: Ќе се прегласува на седум избирачки места, ДУИ може да загуби двајца пратеници

Висат двајца пратеници на коалицијата на ДУИ. Управниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места, шест во петтата изборна единица, едно во шестата. Потврдени се одлуките на ДИК, а прегласувањето ќе се спроведе на 22 мај. Албанската опозиција, коалицијата „Вреди“ очекува промена во бројот на пратенички мандати, односно ДУИ да падне на 17, а тие добијат 14.

-Мислам дека ќе има промени во бројките после прегласувањето, бидејќи таму се констатирани нерегуларности. Делумно мислам што се констатирани при гласањето, ако ги имаме предвид и поткуп на гласови и притисоци и се друго, но тоа не може да се констатира во овој период. Како и да ДУИ би требало да падне на 17, ние да се качиме на 14, изјави за Алфа Изет Меџити.

Од Европскиот фронт на ДУИ беа незадоволни од одлуките на ДИК, па поднесоа седум тужби до Управниот судм меѓутоа сите беа одбиени како неосновани. Од партијата на Ахмети повторно решија и на оваа тема да удрат со национализам, односно дека целта била да оцрнат изборите организирани од Влада каде премиер бил Албанец.

-Европскиот фронт ја извести целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за обидот за изборен инженеринг, со неинституционални и меѓупартиски договори за галсање и надгласување во ДИК, како и за партиски притисоци врз Управниот суд. Овој обид за изборен инженеринг, има за цел да го промени односот на бројките во Собранието, преку политички договор на маса, вели Наим Бајрами од „Европскиот фронт“.

Според познавачите и повеќе од можно е ДУИ да загуби два пратеника, бидејќи со се поизвесното заминување во опозиција веќе ја немаат моќта да ги уценуваат граѓаните.

-Реално сега треба да се искаже реалната волја на народот, бидејќи веќе диктатурата падна. И сега народот треба јавно да излезе да гласа според нивната волја и нивните размислувања. Но мислам дека ДУИ веќе нема капацитет да врши притисок, закани и поткуп врз на гласови, јас мислам дека реално ако излезат тие гласачи на тие изборни места ДУИ ќе изгуби по еден пратеник, изјави политичкиот аналитичар Љулзим Фаризи за Алфа.

Промени во однос на пратеничките мандати може да има и во двете изборни единици, бидејќи според гласовите блиску да му земе пратеник на ДУИ во петтата изборна единица е коалицијата на СДСМ, додека во шестата албанската опозиција. Дека може да добијат пратеник повеќе сметаат и од ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )