„Упорна“ дипломатија – Османи и заврши работа на Ејупи и ја испрати во конзулатот во Бон

„Упорна“ дипломатија – Османи и заврши работа на Ејупи и ја испрати во конзулатот во Бон

На несудениот генерален конзул во Њујорк, телевизиската презентерка Бесмира Ејупи, конечно и се исплатеше упорноста, Македонија да ја испрати на мисија во странство. На само неколку дена пред формирање на новиот владин состав, Бујар Османи ја испрати Ејупи во македонското преставништво во Бон. Таму, кога веќе не стана конзул, ќе помага за издавање на пасоши. Барем, според оправданието на МНР.

  • „Во текот на летните месеци во конзуларните претставништва каде има зголемен обем на работа поради тоа што нашата дијаспора патува дома се праќаат вработени од МНР на неколку месеци испомош за да се олесни издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва.“ – велат од МНР.

Желбата на Бесмира Ејупи да стане конзул, пред помалку од две години, и пропадна поради силниот притисок од јавноста, која реагираше дека таа нема соодветни квалификации. Во тој период таа имаше заработено 12 илјади евра хонорари од ангажмани во неколку институции.

Освен за неа, непосредно пред крајот на својот мандат, Османи потпишал решенија за испраќање на мисии во странство и за други вработени во министерството за надворешни работи. Ова следи откако тој пред само десет дена, распиша конкурс за испраќање на 15 дипломати во македонските конзуларни и дипломатски претставништва.

Од МНР се правдаа дека станувало збор за редовни административни циклуси, иако за конкурсот остри реакции и осуди пристгинаа од поранешни дипломати, министри за надворешни работи, како и македонскиот дипломатски синдикат.

Амбасадорот Зоран Дабиќ, неодамна за ТВ Алфа предупреди дека конкурси се распишуваат во март, а не во јуни, како и дека постапките на Османи се само дополнителна партизација на македонската дипломатија.

•           „Вие кога си заминувате, веројатно се обидувате, под наводници, да си ги спасите своите партиски кадри. Така една дипломатија не функционира. Во сериозни земји, изборот на луѓе се прави 6 месеци, до година однапред. Се ставаат дури и во понеповолна положба, бидејќи ќе биде голем прашање со новата влада, дали таа процедура ќе продолжи, бидејќи нема да се стигне да се испратат.“ – Изјави амбасадорот Зоран Дабиќ на 06.06.24.

Османи се обиде масовно да испрати дипломати на мисии и за време на предизборниот преиод, но не успеа во намерите, бидејќи законот забранува такви одуки во ек на кампања. Беше под лупата на антикорупциската комисија, бидејќи 15 служебни возила на МНР и две на агенцијата за разузнавање се користеа во партиски цели на локалните избори. Скандал за кој од владата побараа само објаснување. И секако, неколкуте обиди да ја испрати презентерката Бесмира Ејупи, да ја преставува Македонија во странство. 

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )