Уписот на првачињата во јуни, матурантите наместо државна матура ќе полагаат квалификационен испит

Уписот на првачињата во следната  учебна година, ќе биде најверојатно во јуни наместо во мај. Министерот за образование Адеми вели дека според новиот закон, родителите треба да достават уверенија за примени вакцини, како и за извршен офталмолошки и стоматолошки прегледи кои треба да бидат издадени од надлежните здравствени установи,  кои во моментот не се во можност поради настанатата ситуација со Ковид – 19 да ги издадат уверенијата.

А, дали средношколците матура ќе полагаат во јуни или ќе им биде укината останува владата да одлучи следната недела.

Во случај матурата да им биде укината, Адеми посочи дека, доколку има конкуренција и повеќе матуранти имаат ист број бодови од успехот во средното образование. Факултетите ќе треба да организираат квалификациски испити.

Дали при донесувањето на образовниот сет мерки ќе бидат земени во предвид реакциите на професорската фела  дека матура мора да полагаат барем оние студенти кои планираат да се запишат на факултет во странство – останува нејасно.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста