Универзитетот „Гоце Делчев„ стана дел од најголемата алијанса на европски универзитети
Универзитетот „Гоце Делчев„ стана дел од најголемата Алијанса на Европски Универзитети. Со ова на студентите од штипскиот, ќе им се овозможи бесплатно студирање на девет универзитети во Европа. Единствена цел е да се изедначи квалитетот на образованието , како и добивање на европски призната диплома.
„Она што студентите и УГД ќе го добијат преку оваа Алијанса, практично е добивање на двојна европска диплома. Значи во иднина нашите студенти ќе може не само да ги бираат курикулумите внатре во универзитетот , исто така ќе може да прават комбинација од различни курикулуми и на овој начин да ја остварат оваа двојна диплома„ изјави проф.Ана Никодиновска, проректор за меѓународна соработка на УГД-Штип.
Студентите од штипскиот, ќе може во текот на своето студирање да одберат програма во Германија, Австрија, Данска, Португалија. Во рамки на проектот е предвидено околу 9000студенти и професори од сите универзитети кои се членови на Алијансата, да ја искористат оваа можност.
„Тоа ќе биде на трошок на проектот. Се работи за големи проекти чија вкупна вредност е 14милиони за сите 4години , за сите членки на Алијансата. Се работи за голема поддршка од Европската комисија и пред се средствата се насочени за мобилностите на студентите и за развој на овие платформи„ изјави проф.д-р Дејан Мираковски, ректорот на УГД.
Од 5август студентите ќе може да аплицираат за упис на една од седумдесете студиски програми кои ги нуди штипскиот Универзитет. Слободни има 3983места. И годинава најдобро рангираните студенти ќе бидат ослободени од партиципација.
Александра Ристеска