Универзитетот „Гоце Делчев“ воведе онлајн предавања

Додека министерството уште бара начин, на пример, Штипскиот универзитет веќе направи платформа и воведе онлајн предавања. Први почнуваат факултетот за информатика,  но во периодот кој следува ќе се вклучуваат сите факултети каде што тоа е изводливо. УГД долго време користи електронски платформи за комуникација и работа со студентите, па така ова не претставувало особен проблем.

Наставата се одвива преку две платформи, и тоа е-учење и microsoft teams. Сите потребни материјали се поставени на платформата е-учење, а за директна комуникација со студентите се користи microsoft teams. Со ова на студентите им овозможуваме да се продолжи со образовниот процес и во една ваква вонредна ситуација, изјави проректорот за настава на УГД Мишко Џидров.

Инаку алатката на Мајкрософт е бесплатна, а од факултетот за информатика потенцираат дека таа можат да ја користат и други образовни институции и да го прилагодат наставниот процес многу бргу.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста