Универзитет Скопје со директна поддршка за најранливите категории деца!

120 училишни ранци и комплет училиштен прибор добија децата од згрижувачки семејства во Скопје. Донацијата е од Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, со директна поддршка на заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Настанот се одржа на плоштадот во Општина Гази Баба, организиран во чест на почетокот на новата учебна година.

Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски на дечињата им порача да учат, бидејќи образованито ќе ги направи посилни.

,,Образованието е најважаната работа. Да сте образовани, значи да сте силни. Слушајте ги родителите, наставниците, учете и дружете се,, изјави Ректорот Миленковски.

Заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се заблагодарија на Универзитетот Скопје за подршката и општествената одговорност.

Универзитетот Скопје секогаш дава директна поддршка за најранливите категории деца!

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста