УНИЦЕФ: Третина од корисниците на Интернет се деца

Ширум светот утре ќе биде одбележен Денот за сигурен интернет, децата сочинуваат една третина од вкупниот број интернет корисници  според податоците на УНИЦЕФ.

Истражувањето на УНИЦЕФ „ Сигурност на интернет за целото семејство“ покажува дека помалку од 10 отсто деца на возраст од четири до осум години не користат дигитални уреди, а некои деца пристапуваат на интернет пред својата трета година.

Меѓу најчестите ризици на кои децата се изложени се: собирање лични податоци, лажни вести, загрозување на приватноста, злоупотреба во комерцијални цели и изложеност на штетни и вознемирувачки содржини, соопшти дигиталната агенција Нимикс.

Податоците покажуваат дека 80 отсто од учениицте слободното време го минуваат со игри, па, затоам истакнуваат дигиталната технологија активно учествува во обликувањето на начинот на кој децата комуницираат и на кој се дружат.

Денот за сигурен интернет е кампања што почна во 2004 година и зафаќа најразлични теми, од кибер малтретирање до кристење на социјалните мрежи. Денот се одбележува во над 150 земји од светот и се фокусира на актуелни теми што се однесуваат на присуство на мрежата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста