Унгарскиот премиер со највисок рејтинг во последните пет години

Унгарскиот премиер Виктор Орбан овој месец го има највисокиот рејтинг во последниве пет години, покажа истражувањето направено од страна на Институтот Незопонт, објавено денеска.

Во анкетата спроведена помеѓу 14 и 16 јули, 57 проценти од испитаниците рекле дека сакаат да го гледаат Орбан на водечка политичка улога во иднина, велат од институтот. Само една третина од испитаниците се незадоволни од перформансите на Орбан, што, според Незопонт, е најниско ниво од октомври 2015 година, објави HungaryToday.

Оценката на Гергели Гулијаш, шеф на Кабинетот на Премиерот се искачи за 14 процентни поени, на министерот за надворешни работи Петер Сијарто за 10 поени и на министерот за финансии Михали Варга за 9 поени од декември 2019 година. Тоа главно е резултат на квалитетно спроведените мерки на владата во одговор на епидемијата на КОВИД-19.

Според  мислењето на испитаниците, најпопуларен опозициски политичар е градоначалникот на Будимпешта, Караксони, со оценка за одобрување од 36 проценти. Најмалку популарен е водачот на левичарската Демократска коалиција Гиурцсани.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста