Унгарскиот министер за надворешни работи ја повикува ЕУ да создаде работни места за eвропските граѓани


Приоритет на Европската унија треба да биде обезбедување вработувања за европски граѓани кои останале без работа поради пандемијата на коронавирусот  вели унгарскиот  министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Сијарто рече дека сериозните економски последици од пандемијата сега стануваат јасни. Стотици илјади, „можеби милиони“, ги загубија своите работни места, рече тој.

Сијарто рече дека ја повикал Европската комисија „да престане да создава легални миграциски патишта“ и „да инсистира на доведување на африканската работна сила во Европа“.

„Она што ни треба е работа за европските луѓе. Европската унија конечно треба да се фокусира на запирање на миграцијата“, рече тој.

Сијарто ја соопшти веста дека министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија не донеле никаква одлука или санкции за демонтрациите кои траат 6 недели во Белорусија по спорните претседателски избори во земјата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста