Унгарската влада реши да ги олабави мерките и во Будимпешта

Унгарската влада реши од денеска постепено да ги укинува рестриктивните мерки за изолација и во главниот град. На 4-ти мај беа олабавени мерките на територијата на цела држава освен во Будимпешта, кој претставуваше жариште на заразата од КОВИД-19.

Но тоа не значи укинување на сите мерки, туку само олабавување бидејќи најголемиот број од новозаразените се концентрирани во главниот град.  Жителите на Унгарија треба да почитуваа низа мерки кои владата по консултација со сите, вклучително и градоначалниците, виролозите и лекарите ги донела.

Дел од мерките се  задолжително носење маски во јавниот превоз и продавници, а јавните површини, парковите и игралиштата можат да се посетат од денеска како и надворешни базени, музеи и зоолошка градина. .

Се отвараат и рестораните, кафулињата и баровите но само оние кои имаат тераси на отворено.  Лицата постари од 65 години ќе можат да излегуваат само од 9 наутро  до пладне, а општините ќе одлучат работните часови на пазарите.

Унгарските власти сооштија мерки дури и за верските служби, свадби и погреби, на кои можат да присуствуваат најмногу 200 луѓе, а се дозволени од 1 јуни во цела држава освен во Будимпешта каде ќе важат од 15 јуни. Угостителските објекти нема да плаќаат данок до 1 септември заради огромните загуби кои ги претрпеле за време на Ковид-19 кризата.

Од денеска ќе може да се  отворат  и универзитетите во главниот град на Унгарија, но ректорите  ќе го имаат последниот збор.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста