Унгарската влада дава помош од 21 милони евра за малите и средни претпријатија

Унгарскиот министер за финансии,  Михали Варга, соопшти дека денеска е распишан тендер за 7,3 милијарди форинти односно 21 милиони евра за поддршка на развојот на капацитетите на зелената економија.

Компаниите може да аплицираат за грантови од 20 до 400 милиони форинти за да се здобијат со нова опрема, надополнување на технологија,  да инвестираат во инфраструктура или недвижен имот,изјави  Варга.

Грантовите се достапни за микробизнисите, малите и средните претпријатија. Пријавите се во тек, а ќе бидат затворени до 31 август.

Поддршката на малите и средни претпријатија е особено важна за време на кризата со коронавирус бидејќи придонесува за создавање работни места и може да помогне во одржувањето на конкурентноста на економски план на Унгарија, рече Варга.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста