Унгарската полиција заплени голема количина на дрога

Унгарската полицијата упаднала во девет населби во четири округа, на вкупно 22 локации точно во исто време, во обид да разбие голема нарко банда.

Во луксузните палати во кои упаднала полицијата,  откриена била неверојатна количина на пари и работи  во вредност од 142.515 евра, четири луксузни возила., 160 парчиња накит, оружје и техничка опрема, а два имоти биле заклучени.

Голема количина дрога била пронајдена во фарми, а истражувачите дури и ја нашле закопана во земја, копајќи откриле нови психоактивни супстанци наречени кристали, снегулки и креди во фиоки. Вкупно запленета била повеќе од 6,5 килограми дрога.

Акцијата траела помалку од 10 минути, но била подготвувана неколку години.

„За да ја постигнеме целта, беше потрена многу сериозна работа“, рекол потполковникот Чаба Караш, шеф на истражувачкото одделение на Штабот на полицијата Цеглед, кој ја координирал акцијата.

Тој рекол дека имало апсења и во ноември, а во друга акција во февруари биле уапсени повеќе од 10 лица.

Дејан Трендов

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста