Унгарија воведува поригорозни мерки за патување од септември

Унгарската влада ќе воведе поригорозни правила за патување во странство веќе од следниот месец, објави канцеларијата на премиерот Виктор Орбан.

Извршниот одбор што ја координира пандемијата со   коронавирус ќе го предложи ова на состанокот на Владата следната недела, рече Гергељ Гуљаш- шеф на унгарскиот кабинет.

Тој ги советуваше Унгарците да не закажуваат патувања во странство во септември, особено во потоплите земји.

„Пандемијата се влошува во повеќето европски земји и стагнира во само неколку од нив. Унгарија е само неколку недели зад трендовите што се гледаат во другите делови на континентот“, рече Гуљаш.

Унгарија има најмал број на заболени од коронавирус во Европа додава Гуљаш и вели дека владата разбира дека е тешко да се откажат аранжманите што биле претходно закажани, но дека кабинетот мора да ја разгледа состојбата со јавното здравство и условите за борба против пандемијата.

Пандемијата се влошува во повеќето европски земји и стагнира само во неколку од нив, вели Гуљаш, додавајќи дека Унгарија е само неколку недели е зад трендовите што се гледаат во другите делови на континентот.

Викторија Миткова

Advertisements