Унгарија со поддршка за ирачките бегалци

Унгарија го поддржува враќањето на ирачките бегалци од Изиди во нивните домови. Солидарноста прикажана од унгарската влада се манифестира не само со зборови, туку и во акциите што ги презеде за да и помогне на заедницата на Јазидите.

Акциите на унгарската влада ќе им овозможат на „припадниците на заедницата кои биле жртва на геноцид да останат или да се вратат во својата татковина, рече Тристан Азбеј државниот секретар задолжен за помагање на прогонетите христијани на конференцијата по повод одбележувањето на денот на споменот за геноцидот на Јазидите од страна на милитантната група Исламска држава.

Помошта што Унгарија им ја дава на прогонетите христијански заедници преку Програмата за помош на Унгарија, опфаќа и заштита на човековиот живот и рестартирање на локалните економии, дозволувајќи им на засегнатите заедници да останат или да се вратат во нивните татковини, рече Азбеј.

Тој дополни и  дека Унгарија исто така ќе поддржи формирање на центар фокусиран на реинтеграција на жените од Јазиди кои биле жртви на сексуално насилство од џихадисти или продадени како сексуални робови во општеството. Проектите ќе бидат спроведени во согласност со основниот принцип на Програмата за помош на Унгарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста