Унгарија со донација од 6.000 вакцини, со нив ќе се вакцинираат македонските полицајци

Македонија доби нова донација на вакцини, овој пат од Унгарија. Станува збор за шест илјади дози на АстраЗенека. Вакцините ќе бидат наменети за имунизација на граничната полиција. Но, кај нас „АстраЗенека“ се дава само на граѓани над 60 години, а такви меѓу полицајците нема, бидејќи имаат бенефициран стаж, па овие вакцини ќе бидат употребени за повозрасните граѓани, а 3.000 полицајци ќе бидат покриени со вакцини од други производители, кои се на располагање во моментов. Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто истакна дека полицијата е клучна алка во борбата против пандемијата но и за заштита од зголемениот бројот на мигранти кои доаѓаат преку Балканската рута.

Сијарто кажа дека од 14-ти мај сите вакцинирани македонски државјани ќе можат слободно да патуваат во Унгарија.

Инаку ова не е прва донација од Унгарија, пред една година со специјален воен карго-авион Сијарто допатува во земјава директно од Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста