Унгарија се бори со големиот број на ковид пациенти

Пандемијата со ковид-19 никако да стивне во Унгарија. И покрај рестрикциите, кои ќе траат до 15-ти март, и масовната вакцинација, бројот на починати и хоспитализирани никако да падне.

Во последното деноноќие, регистрирани се 136 починати и 4200 нови инфекции со корона вирусот. Дури 6637 пациенти се хоспитализирани а 622 од нив, се во тешка клиничка состојба.  Унгарските здравствените власти на секој  начин се обидуваат да ја стивнат пандемијата. Оваа недела во Унгарија пристигнаа нови 115 илјади дози од Фајзер и Бионтек, со што бројот на добиени вакцини од овој производител се искачи на 850 илјади.

Унгарија досега има нарачано 31 милиони дози вакцини против ковид 19. Веќе следната недела се очекува пратката од вакцните на Синофарм. Голема пратка и од рускиот Спутник V наскоро треба да пристигне во земјата се вели во соопштението од унгарската влада.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста