Унгарија сама ќе произведува заштитни маски

Медицински маски кои штитат од коронавирус, Унгарија ќе ги произведува сама за сите граѓани и нема да има потреба да увезува од други земји соопшти  министерот за финансии Михали Варга. Тој ја отвори  производствена линија од еден милион маски на ден во фабриката Вајда Папир.  

Инвестицијата од 1,4 милијарди форинти (3,9 милиони евра) поддржана од 1,1 милијарда владини грантови создаде 16 нови работни места и зачува 134, рече  Варга. Владата го започна својот план за поддршка на здравствената индустрија која се покажа многу значајна за време на епидемијата на коронавирус, рече Варга. Со планот унгарските власти одвоија 50 милијарди форинти за поддршка на 46 компаниии. Целта е Унгарија сама да произведува медицинска опрема за заштита и да се намали зависноста од увоз.. Тој рече дека унгарската индустрија за здравствена заштита ги докажа своите професионални знаења и потенцијал за развој во текот на изминатите неколку месеци, „правејќи ја владината поддршка вредна“. Рамката за финансирање е зголемена на 68 милијарди форинти, рече Варга, истакнувајќи дека досега унгарската Владата го поддржуваше развојот на производството на заштитна опрема, медицинска опрема, сурови фармацевтски материјали и средства за дезинфекција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста