Унгарија повторно воведува вонредна состојба поради корона вирусот

Унгарија воведува вонредна состојба и полициски час на полноќ, поради зголемувањето на бројот на случаи со ковид-19, што се заканува дека ќе ги преоптовари болниците, изјави премиерот Виктор Орбан. Тој додава дека ќе побара од парламентот да го потврди воведувањето вонредна состојба на 90 дена и да воведе полициски час што ќе трае од полноќ до 5 часот.

„Време е да преземеме нови мерки за да можеме да ја зачуваме функционалноста на нашите болници и да ги заштитиме животите на старите лица“, рече Орбан во видео обраќањето на Фејсбук.

Унгарија ќе ги затвори баровите и клубовите , а училиштата остануваат отворени, како и продавниците и рестораните, а навивачите ќе можат да ги следат натпреварите на стадионите. Вонредната состојба што ќе и овозможи на владата да управува преку извршни уредби стапува на сила на полноќ, додаде премиерот.

„Треба да ја оставиме настрана политичката дебата, потребна ни е брза акција и навремено дејствување“, рече тој.

Во Унгарија  се регистирани 90 илјади позитивни на вирусот и  вкупно 2063 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

Во меѓувреме, и унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, се зарази со коронавирусот.

Сијарто, кој се наоѓа во официјална посета на Тајалнд, нема симптоми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста