Унгарија повторно во „lockdown“

Унгарските власти воведоа нови рекстриктивни мерки со надеж дека ќе го спречa третиот бран на корона вирусот. Во следните две недели,  продавниците, со исклучок на прехрамбените, аптеките и  бензинските пумпи, ќе мора да бидат затворени.  Само цвеќарниците можат  да работат денеска по повод  меѓународниот ден на жената. Вечерниот полициски час останува на сила.

6200 нови инфекции со ковид-19 и 108 починати е црниот биланс во последното денониќие во Унгарија. Унгарските здравствени власти бележат 355 илајди оздравени пациенти од почетокот на епидемијата.  Во моментов, во Унгарија има 7.445 хоспитализации од  Ковид а од нив 778 се нареспираторна поддршка.  Унгарските власти вакцинацијата против корона вирусот ја започнаа во декември минатата година а досега скоро еден милиони Унгарци ја примиле првата доза додека 308 илјади се целосно имунизирани.  

И покрај сите ограничувања и масовната имунизација Унгарија се соочува со третиот бран на Ковид -19.  Левичарските и либерални коментатори  ја обвинуваат унгарската владата дека дозволила епидемијата да излезе од контрола. Провладините аналитичари пак сметаат дека е апсурдно опозицијата сега да ја обвинува владата дека реагира предоцна на третиот бран на пандемијата, кога со недели токму опозицијата бараше и олеснуваше на ограничувањата.

Кристоф Тромбитас смета дека е вознемирувачко што истите опозициски партии кои бараа укинување на ограничувањата за коронавируси во изминатите месеци сега ја обвинуваат владата дека е предоцна во воведувањето строга блокада. Тромбитас се надева дека гласачите нема да паднат на, како што вели, лагите и пропагандата на опозицијата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста