Унгарија повторно и помага на Македонија

Унгарија повторно и помага на Македонија. Во Будимпешта вчера пристигнаа 4 авиони со медициснка опрема и вентилатори од Кина, а во понеделник еден од авионите ќе биде претпратен во Македонија, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто.
Помошта се состои од 4,6 милиони пара медицински ракавици, 1милион и 150 илајди маски за лице, делови потребни за ракување со 500 вентилатори и стотици тестови за дијагностицирање на КОВИД-19 соопшти Сијарто.

Унгарија помошта од Кина од 80 милиони заштитни маски ќе ја подели со земјите од регионот Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.

Унгарија веќе испрати еден авион со 100.000 маски и 5.000 заштитни одела на 6-ти месецов. Ова е втор авион во еден месец кој доаѓа во земјата од Унгарија полн со опрема за заштита од корона вирусот.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста