Унгарија ни донираше шест илјади вакцини на АстраЗенека

Македонија доби нова донација со вакцини, овој пат од Унгарија. Станува збор за 6 илјади дози на АстраЗенека. Овие вакцини ќе бидат наменети за потребите на МВР.

Донацијата на скопскиот аеродром  ја преземаа министрите за надворешни работи Бујар Османи и за внатрешни работи Оливер Спасовски, кои истовремено  го пречекаа и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кој денеска е во еднодневна посета на Македонија.

Како што најави МНР, предвидена е и тет-а -тет средба на Сијарто и Османи по која ќе одржат прес-конференција, како и пленарни разговори помеѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на двете држави.

Инаку ова не е прва донација од Унгарија, пред една година со специјален воен каргоавион Сијарто допатува во земјава директно од Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста