Унгарија летово без мерки, Орбан: Уште милион да вакцинираме и ќе ги попуштиме рестрикциите
Во Унгарија уште најмалку една недела ќе бидат на сила рестрикциите воведени поради пандемијата со ковид-19. Ограничувањата ќе претрпат промени само кога бројот на вакцинирани Унгарци ќе надмине една четвртина од населението вели премиерот Виктор Орбан.
„Третиот бран е рушење на рекорди.. 213 лица починале само во четвртокот и 1.174 хоспитализирани пациенти на респиратор со Ковид. Ова не е моментот да се намалат ограничувањата. Постојат големи шанси да бидеме без епидемиолошки ограничувања летово “-рече Орбан.
Унгарските болници имаат вкупно 1.618 легла опремени со респиратори и речиси уште 11.000 слободни кревети. Орбан додава дека остварил средба со медицинските лица кои со максимални сили се обидуваат да спасат сечиј живот. Секаде каде што има проблеми, ќе бидат решени со централна помош, рече Орбан. Бројот на вакцинирани лица ќе надмине 1,5 милиони денеска. Речиси сите доктори и медицински персонал е вакциниран, се очекува до крајот на следната недела да почне и вакцинацијата на студентите по медицина информира унгарскиот премиер.
Бидејќи се планираше да пристигнат 500.000 дози на вакцини АстраЗенека во текот на следните два месеци, треба да се набави иста количина источни вакцини за да се задржи првичничниот распоред за вакцинација. Разговорите се во тек и големи се шансите на местото на вакцините од АстраЗенека да се направат нови договори за кинеската или руска вакцина.
Повторното отворање ќе биде постепено, неговите фази се усогласуваат со бројот на луѓе вакцинирани против вирусот, вели Орбан.
Викторија Миткова