Унгарија ќе произведува ампули за вакцината „Фајзер“ и „Бионтек“

Поголемиот дел од ампулите за вакцина против коронавирус „Фајзер“ и „Бионтек“, ќе се произведуваат во западна Унгарија во селото Лукашаза.

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто рече дека Унгарија инвестираше 37,6 милиони евра за поставување на 16-те производни линии за производство на ампули.  Владата ја поддржува инвестицијата со грант од 2 милијарди евра, додаде тој.

 Фабриката во Лукашаза е најголемиот објект за производство на ампули  во светот и се планира вработување на  550 лица, рече тој.

Одлуката за  оваа инвестиција во Унгарија дополнително ги зајакнува германско-унгарските економски врски. Во моментов 6.000 германски компании вработуваат околу 300.000 луѓе во Унгарија.

Маја Терзиова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста