Унгарија ќе набави вакцини против ковид 19 од кинеската компанија Синофарм

Унгарската влада  постигна договор со кинеската компанија Синофарм за купување на вакцини против Ковид-19 и е првата земја членка  на Европската  унија што ја одобри оваа вакцина.

Премиерот на оваа земја посочи дека има можност да се добие кинеската вакцина во големи количини, но дека таа прво мора да биде одобрена од здравствените власти во земја. Тој се надева дека властите ќе дадат јасен одговор во следните неколку дена.

„Има повеќе од милион дози кинеска вакцина што може да се користат во рок од неколку дена“, рече Орбан.

Тој смета дека невозможно е побрзо да се вакцинираат луѓето, не затоа што унгарскиот здравствен систем не е способен за брзи масовни вакцинации, туку поради недостаток на залихи на вакцини.

Досега, Унгарија вакцинираше повеќе од 105.000 луѓе , здравствени работници и жители на домови за стари лица , со вакцини од два производитела, односно вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста