Унгарија ќе ја тестира ефикасноста на антиковид вакцините кои што ги користи

Со 3.211 волонтери, унгарската влада започнува тестирање на ефикасноста на сите вакцини што земјата моментално ги користи-AstraZeneca, Pfizer, Sputnik V, Sinopharm и Moderna.  Тестови ќе се спроведуваат на волонтери на секои три месеци, а примероците од крвта ќе се зимаат во Националниот институт за пулмологија Корањи, во болничкиот центар во главниот град. Податоците за создавањето на имунитет ќе ги собира Националниот институт за онкологија.

Идејата дека одредени вакцини против коронавирусот се поефикасни од други,  е тема на дебата во Унгарија, откако  антиковид вакцините беа пуштени во употреба. Во моментов Синофарм се соочува со зголемена критика поради се поголемиот број луѓе кај кои не се создава имун систем и покрај тоа што биле вакцинирани со две дози. Анализата ќе има можност да се споделува по завршувањето на проектот, а ќе биде интересно да се види бидејќи ниту една земја не спроведе тестирање за ефикасност на сите пет вакцини одеднаш сметаат унгарските власти.

Досега во земјата здравствените експерти се служеа со анализата за ефикасност  направена од унгарскиот национален центар за јавно здравје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста