Унгарија ќе донира 200.000 Синофарм вакцини на БиХ и Црна Гора

Унгарија донира по 200.000 дози вакцини против коронавирус на Босна и Херцеговина и на Црна Гора соопшти унгарскиот министерот за надворешни работи на состанокот на Вишеградската група и претставниците на Западен Балкан што се одржа утрово во Полска. Вакцините на кинеската Синофарм ќе бидат доставени во двете земји во јули, рече унгарскиот министерот.

Сијарто истакна зависноста помеѓу централна Европа и Западен Балкан во сектори како што се безбедноста, справувањето со миграцијата, трговијата и здравството.

„Направивме се што можеме за да обезбедиме здравје и безбедност на унгарскиот народ. Во следните денови очекуваме целосно имунизирани 5,5 милиони Унгарци –рече Сијарто.

На соседи на Унгарија треба да им се помогне за да обезбедат  соодветно ниво на заштита, вели унгарскиот министер, додавајќи дека колку подобро се заштитени соседите на Унгарија, толку побезбедна ќе биде земјата.