Унгарија има нарачано над 19 милиони дози вакцина, на сила се уште полициска час во земјата

Стигаат вакцини, а на сила и полициски час во Унгарија. Унгарците кои од пред нова година почнаа со имунизација, по 20 часот не смеат да излегуваат од своите домови, се до 5 часот наутро. Маски задолжително се уште се носат на јавни места.

Во клупите се враќаат  учениците само од основното образование, а останатите продолжуваат со учење на далечина.

Унгарските власти вакцинацијата на населението  ја започнаа уште во декември минатата година и голем дел од здравствените работници веќе ја имаат премено вакцината. Кај никој од нив, досега не се забележани несакани ефекти. Според најавите, во вторник во Унгарија ќе пристигне нова пратка од вакцината на Фајзер и БиоНТех  што ќе биде доволна за вакцинација на 39.000 лица. Исто така, се очекува да стигне и пратка од фармацевската компанија Модерна.

Досега се инокулирани 42.549 здравствени работници, а вакцинациите се во тек во четирите најголеми пензионерски домови во Унгарија. Правиме се што можеме за да се осигураме дека оние што се најранливи на вирусот имаат пристап до вакцината што е можно побрзо“, рече доктор Сесилија Милер.

Милер рече дека Унгарија има нарачано повеќе од 19 милиони дози на вакцини.

Во Унгарија денеска се регистрирани 2.716 нови случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата  се искачи на 340 илјади. Здравствените власти информираат дека бројот на активни инфекции во Унгарија е намален за  4.000 а бројот на оздравени  зголемен за 7000 лица.

Advertisements