Унгарија и Израел го подигаат партнерството на највисоко ниво

Унгарија и Израел ја засилуваат соработката со голема брзина. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на средбата со израелскиот колега Габи Ашкенази рече дека партнерството меѓу Унгарија и Израел е „посилно од било кога“ и двете земји секогаш можат да сметаат една на друга. Сијарто смета дека пандемијата со корона вирусот создала предизвици што ја прикажуваат нивната соработка во едно поинакво светло, а Унгарија како централно европска земја е заинтересирана за мир и стабилност на Блискиот исток.

Според него многу земји сакале да влијаат  врз односите на Унгарија и Израел и да ги нарушат, но тоа нема да им биде дозволено.

  • Унгарија цврсто се залага за Израел и повикува на фер и избалансиран став кон земјата. Унгарија никогаш нема да поддржува пристрасни одлуки против Израел- изјави Петер Сијарто – министер за надворешни работи на Унгарија.

Овие партнери имаат соработка во повеќе области како трговија и инвестиции, прехранбена индустрија, развој на автомобилска индустрија и вселенски истражувања. Сијарто уверува дека нивната соработка може да помогне и во борбата со корона вирусот со оглед на тоа дека Унгарија произведува респиратори од светска класа заедно со Израел, кои можат да се извезуваат во Европа.

Израелскиот министер за надворешни работи ја нарече Унгарија „важен пријател на Израел“, не само во Европската унија, туку и во ООН и другите меѓународни организации.

Сијарто во Ерусалим се состана  и со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и со министерот за наука и технологија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста