Унгарија ги облажува мерките, но ако се случи повторна експанзија ќе ги вратат назад

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, дискутирале за значењето на контролата на границите, како и справувањето со последиците од епидемијата.

Орбан и Трамп ги поздравиле политичките и економските врски меѓу двете земји кои продолжуваат да бидат одлични, а и двајцата лидери се согласуваат дека среде епидемијата и двата народа копнеат за безбедно отворање на нивните заедници и враќањето на работа. Иако Унгарија ги облажи мерките, нивно преиспитување ќе има на секои две недели, а доколку дојде до експоненцијално зголемување на заболените истите повторно ќе се вратат.

Индустрискиот сектор во Унгарија бележи пад на годишно ниво, но други сектори како производство на комјутери, електроника но и на храна бележи пораст. Предходно премиерот Виктор Орбан најави дека најголемата задача во 2020 година на земјата ќе биде економијата и нејзината заштита а акцискиот план на Владата е намалувањето на даноците, бидејќи како што вели Орбан успехот во последните години се должи токму од намалувањето на даноците.

Инаку на Загребскиот самит Орбан цврсто се залагал за пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан, што подеднакво било во најдобар интерес на засегнатите држави и самата ЕУ.
Викторија Миткова

Поврзани вести