Унгарија ги ублажи мерките

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави ублажување на мерките за ограничување на движењето, во сите градови во Унгарија освен во Будимпешта, во која е пријавен и најголем број на заболени лица од Ковид 19. Орбан додаде дека на компаниите ќе им биде дозволено отварање без временско ограничување, односно секоја компанија ќе може да продолжи со работа исто како пред воведување на ограничувањата.

Носењето маски ќе биде задолжително во маркетите и јавниот превоз, рече Орбан во виедо обраќањето на својот Фејсбук профил.

Унгарскиот премиер наведе дека ублажувањето на мерките ќе се приспитува на секои две недели, и доколку дојде до нагло зголемување на бројот на ново заболени од Корона вирус, повторно ќе стапат на сила ограничувањата.

Во Унгарија вкупниот број на заболени од Ковид 19 изнесува 2.727 случаи од корона вирус, вкупно починале 300 луѓе.

 

Дејан Трендов