Унгарија ги отвора училиштата од први септември

Доброто справување на унгарските здравствени власти со пандемијата покажа позитивни резултати и во воспитно образовниот систем. Владата планира да ја започне академската година на редовен начин, а училиштата да се отворат на први септември – информираa од Министерството за човечки ресурси.

Според изјавата на надлежните, ситуацијата со коронавирусот не оправдува дигитално образование како замена на училниците, но сепак, може да се воведат дополнителни мерки доколку Владата и релевантните власти увидат потреба од такво нешто.

Инаку, здравствените власти сметаат дека Унгарија со повеќето корисни мерки покажува добри резултати во борбата со корона вирусот, па така училиштата ќе се отворат, но ќе работат по посебен и строг протокол за спречување на заразата, а родителите не треба да ги испраќаат децата во школо доколку имаат било каков симптом на Ковид-19.

Новите ограничувања за влез во земјата кои стапија на сила пред еден месец и класификацијата на странските земји во три категории ја спречуваат можноста за да се зголеми бројот на активни случаи. И понатаму важи  забраната за прослави кои привлекуваат голем метеж, а луѓето имаат обврска да носат заштитни маски.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста